„Ифигенија за ништо“ е современа адаптација на античката трагедија на Еврипид, која се фокусира на личните и семејните конфликти што произлегуваат од жртвувањето во име на „високи цели“. Базирана на „Ифигенија во Авлида“ и митот за убиството на светиот елен на божицата Артемида, оваа постановка користи елементи од физичкиот и танцовиот театар. Додека трагедијата на Еврипид ја истражува немоќта на човекот пред волјата на боговите, оваа адаптација става акцент на симболиката на смртта на Ифигенија како последица, не само на воените амбиции на нејзиниот татко, туку и на пошироките механизми на политичката корупција и националистичките идеологии. Оваа продукција се служи со фрагментација, танц, физичко дејство и создавање слики. Ова е театарска претстава ослободена од наратив. Театар каде јазикот не доминира. Театар кој можеби и не сака да биде „разбран“, туку да биде просведочен, почувствуван и доживеан. Нашата Ифигенија живее во зоната на непријатност. Таа е девојка која ги живее последните денови од својот живот. Тело што одбива да престане да се движи. Нејзината смрт не е возвишена ниту херојска — таа е производ на семејна манипулација и инструментализирана патриотска реторика. Убиена без љубов и емпатија, нејзиното страдање станува симбол на начините на кои системите на моќ ги користат човечките животи за лична и колективна добивка. Таа не умира за нешто, туку за ништо, па така станува дел од еден поголем општествен механизам кој ја проголтува поединечната волја и ја заменува со идеолошка дисциплина.

Ифигенија за ништо

90 minutes

Tragedy
За претставата
Улоги
Детали за продукцијата
Режисер:
Nela Vitoshevikj
Сценограф:
Konstantin Trpenoski
Костимограф:
Roze Trajchevska-Ristoska
Музика:
Vitoshevikj
Време на Прикажување
Резервирај Билети
Билети од 500 MKD
Студенти: 250 MKD
Билетарница: +389 76 434 343
Нема достапни онлајн билети во моментот. Обидете се повторно подоцна или контактирајте ја билетарницата.


