Мојот маж

play image

Мојот маж

90 minutes

Tragedy


Колаж од расказите на Румена Бужаровска и авторски монолози.

Драмската структура на театарската претстава Мојот маж е изградена од два меѓусебно испреплетени материјали, и тоа, драматизацијата на шесте раскази (Супа, Празно гнездо, Прељубник, Осми март, Гени и Лиле) и документарениот материјал произлезен од авторските монолози. Дејствата/состојбите од расказите на Бужаровска, како и документарниот дел (авторските монолози) тематски се цврсто поврзани со поднебјето и времето во кое се одигруваат, без притоа да се засноваат на дневно-политички актуелности. Расказите и авторските монолози имаат за цел да поттикнат надминување на стереотипите и предрасудите, и отворено инсистираат на судир помеѓу традиционалното и современото. Сега, денес, сеуште имаме потреба да се соочиме со сегашноста преку ревидирање на минатото.
Играно-документарниот пристап, како жанровска определба и драматуршко режисерски концепт, е сеприсутен на европските театарски сцени, но е кревок/редок пример на македонската театарска сцена. Играно-документарниот пристап нуди едно сосема ново, поинакво театарско искуство, кое предизвикува силни емоции и соочување со себе и од себе, со себе кон другиот, од другиот кон себе. Тоа е редок колективен чин кој не е приземно сентиментален и патетичен, туку напротив длабоко е емпатичен и хуман. Присутноста на театарска спонтаност (кај актерот и гледачот) доведува до ослободување и отвара простор за различна театарска перспективност.

Режија: Нела Витошевиќ
Драматизација: Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова – Петровска
Драматург: Викторија Рангелова – Петровска
Асистент сценограф: Моника Ангелевска
Тон – мајстор: Сашо Ѓорѓиев
Светло – мајстор: Дејан Блажевски
Дизајн на плакат: Борче Димитриоски
Фотограф: Кире Галевски

Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Жаклина Цветковска


Драган Спасов Дац


Режисер:

Nela Vitoshevikj

Сценограф:

Konstantin Trpenoski

Костимограф:

Roze Trajchevska-Ristoska

Музика:

Vitoshevikj

December 15, 2025

19:30

Билети од 500 MKD

Студенти: 250 MKD

Билетарница: +389 76 434 343

Румена Бужаровска
90 минути
Документарен-Tеатар
Роза Трајческа – Ристовска
Константин Трпеноски
Нела Витошевиќ
20250904
Нела Витошевиќ
Сара Климоска|Емилија Мицевска|Наталија Теодосиева|Сања Арсовска|Трајанка Илиева – Велиќ|Игор Ангелов|Филип Трајковиќ|Исмет Шабановиќ
2025-09-05 19:00:00
2025-09-12 19:00:00
2025-09-19 20:00:00
2025-09-26 18:00:00
https://www.karti.com.mk/eTickets/TicketList.aspx?pEventID=7042
mk_MKMacedonian

toto slot