Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности (1995), каде што и магистрира театрологија (2011). Активен соработник во научно-истражувачки проекти од областа на театрологијата и тетрографијата на Институтот за театрологија при ФДУ (1997-2001). Автор е на преку педесет тетарски критики објавени во рамките на дневните весници Дневник и Нова Македонија, како и на десетина научни трудови од областа на театрологијата и театрографијата. Приредувач на монографското издание „Ненад Стојановски – споменар“. Во рамките на ДТС има одиграно повеќе од десет улоги. Работи во Драмски театар како драматург од 2014 година.
Селективна театрографија (ДТС) :
Актер: Марта Брјустер ( Арсеник и стара тантела,1995); Бети/Џак (Тхе Ловер, 1998); Благуна (Fuck You, 1998 ).
Драматург: Ждрело (2014); Снежана и седумте џуџиња (2016).
Димче Николовски-Димсата (24 октомври 1978, Битола)-режисер
Дипломира и магистрира режија на Националната академија за театарска и филмска уметност „Крсто Сарафов” Софија , Р. Бугарија (2007). Работи во Драмски театар Скопје (2014).
Селективна тетрографија (режија ДТС): Олово на перница (2011); Падот на Мосада (2013); Грофот (2014); Снежана и седумте џуџиња (2016)









