Дипломира драматургија и режја, отсек драматургија на Факултетот за драмски уметности Скопје (1994). Запишува магистерски студии по драматургија на АГРФТ Љубљана, Р. Словенија (1996). Асистент по предметот македонска драма и театар на Факултетот за драмски уметности (2001-2004). Активен партиципиент во научно- истражувачки проекти од областа на театаротрографија и театрологија во рамките на Институтот за театрологија при ФДУ (1997-2004). Автор на дваесет научни трудови од областа на театрологијата и театрографијата. Уредник и приредувач на книжевни изданија: Соломонов печат“–драми Југослав Петровски (2003); Монографија „Ненад Стојановски-споменар“ (2005); „Антропологија на театарот“-Катерина Петровска (2006). Од 2004 година делува како самостоен уметник и соработува како надворешен соработник со националните театарки куќи и независни театарски продукции во Р.Македонија; Филмскиот фонд на Р. Македонија; LandBird Theatre Торонто; ШКУЦ Љубљана и Местно Гледалишче Љубљанско, Р.Словенија. Работи во Драмски театар Скопје како драматург (2016-).
Автор на драмските текстови: Slippery People (1993); Фотографии (1996); Мала магична приказна (2008), Такси 49 (2009), Разголени (2012) и други.
Селективна филмографија (сценарио): Облици / Shapes (2004).
Награди: Награда за Најдобра македонска нова драма (втора награда) – Македонски Народен Театар за драмскиот текст „Slippery People“ (1999); Награда од стручното жири за анимираниот филм„Облици“ на Das 6 Balkan Black Box Festival Berlin (2004). Државна награда „Гоце Делчев” од областа на науката (член на тимот) за ЦД-ром:„ Енциклопедија на македонскиот театар” (Скопје, 2004); Награда за најдобра сценска адаптација за претставата „Шекспир во приказни” во продукција на НУ Турска драма на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2012); Награда за најдобра сценска адаптација за претставата „1984” во продукција на НУ Струмички театар на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2013).









