Дипломира режија и драматургија, отсек режија на Факултетот за драмски уметности Скопје (1992). Работи во Казалиште, позориште, гледалиште, театар (КПГТ) Суботица (1988-1991). Основач на независниот театар Бабилон (1999). Потпишува повеќе од педесет режии на македонските театарските и на европските театарски сцени. Автор е на десетина драмски текстови. Директор на Македонски Народен Театар (2006-2010). Работи во Драмски театар како драматург од 2010 година.
Селективна театарографија (режија ДТС): Game Over (1993); Буре барут (1994); Ова не е американски филм (1997); Кандид во земјата на чудата (2000); Тетовирани души (2001); Македонски рулет (2007); Кинегонда во Карлаленд (2009); Последните македонци (2010); Јов (2016); Буре барут (2016).
Режии надвор од Македонија: Ајант од Есхил (Ју-фест, 1989); Госпоѓица Јулија од Стриндберг (“Неспинхаз”, Суботица, 1990); Рани јади од Данило Киш (Киш-фест, 1990); Злосторство и казна од Ф. М. Достоевски, (Народно позориште Суботица, 1991); Еуралиен од Горан Стефановски (Интеркулт, Стокхолм, Шведска, 1999) и други.
Автор на драмските текстови: Game Over (1992); Коледе (1994); Ова не е американски филм (1996); Deus ex machina (1999); Последните македонци (2010) и др.
Награди: Награда за најдобра режија за претставата „Game Over” во продукција на НУ Кумановски Театар на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 1993); Награда за најдобра претстава на МТФ „Војдан Чернодрински“ за претставата Балканот не е мртов (2001). Награда за најдобра режија за претставата „Македонски рулет” на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2007) и други.









