Те чекам – Независна сцена

Претстава за мажите што не плачат. За жените што чекаат. И за тишината што убива.
Оваа претстава зборува за наследените модели на тишина и насилство, и цената што ја плаќаме кога не умееме да зборуваме за емоциите. Преку интензивен дијалог, живи ситуации и директна комуникација со публиката, претставата ја отвора темата на ментално здравје, срамот и стравот од ранливост, особено кај мажите.
Претставата е работена по конвенции кои произлегуваат од отсек на применет театар, во овој случај ТЕАТАР НА ЈАВНОСТА. Тоа значи, дека истата е интерактивна и во истата имаме вклучување и на луѓе од публиката. Претставата уште на почетокот го крши четвртиот ѕид, и создава чувство на заедништво и мото дека заедно сме во ова и заедно можеме да го решиме и разбереме.
Претставата се движи од сарказам до траума, од смеа до грч. Се игра и со публиката, која не е само сведок туку и учесник во личната исповед на еден човек, што доцна сфаќа дека неможноста да зборува- убива. Оваа форма на театар која се користи за практични цели, со акцент на социјални, педагошки, терапевтски и политички аспекти. Се одлучивме да работиме токму по овие методи бидејќи Основната цел на применетиот театар не е само естетска или забавна, туку и да предизвика промени во општеството, да се решаваат проблеми или да се осветлат важни теми низ интеракција и искуства.

Автор и режија: Изабела Јакимова

Играат: Гоце Андонов, Ангела Лефкова + публиката

Продуцент и техничка поддршка: Сара Томевска
Кореографија: Јована Зајкова
Музички композиции: Бојан Димитровски
Продукција: Театар за тебе

Претставата трае 50-60 минути – во зависност од текот на интеракцијата!
Таргет група: 18+

Информации и резервации на 076/434343

Купи билет

Вести

mk_MKMacedonian

toto slot