Постои ли вистински успешна врска, совршен брак или партнерите се стремат да постигнат невозможен концепт, нешто што е конструкт на општеството?Животот во заедница е различен од онаа идеализирана љубов што партнерите очекуваат дека треба да се случи и да трае, и од сликата за заедница која доминира во дигиталниот свет. Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида.Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнеле, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ. Драмата „Парови“ прикажува неколку парови партнери во различни ситуации и фази од нивните животи. Сите нив ги поврзува потребата за љубов и немоќта да ги променат работите.

Парови

90 minutes

Tragedy
За претставата
Улоги
Детали за продукцијата
Режисер:
Nela Vitoshevikj
Сценограф:
Konstantin Trpenoski
Костимограф:
Roze Trajchevska-Ristoska
Музика:
Vitoshevikj
Време на Прикажување
Резервирај Билети
Билети од 500 MKD
Студенти: 250 MKD
Билетарница: +389 76 434 343
Нема достапни онлајн билети во моментот. Обидете се повторно подоцна или контактирајте ја билетарницата.


