Фирма

poster

Фирма

90 minutes

Tragedy


Луѓето денес се како ѕверови, се јадат меѓу себе, само за да стигнат до некоја цел, и на крајот гледаат дека останале сами, вели режисерката Нела Витошевиќ пред премиерата на нејзината нова претстава „Фирма“ од Роланд Шимелфенинг во Драмски театар во Скопје.

Витошевиќ по третпат работи претстава во Драмски, по „Странци“ и „Мојот маж“. За неа Шимелфиниг е автор кој го работела повеќе повеќе пати, и го разбира неговиот јазик.

„Идејата беше да прикажеме еден суров корпоративен свет, кој е огледало на капиталистичкото општество, преку конфликтни релации на 6 карактери, кои се тркаат да стигнат до врвот на хиерахиската пирамида. И во таа трка со времето, во таа трка до целта, тие на некој начин се губат себеси, го губат својот социјален живот. И кога ќе се свртат некаде таму, гледаат дека нивните животи се комплетно празни, дека освен работата, сѐдруго оставиле во втор план и се чувствуваат крајно осамено. Тоа е на некој начин што мислам дека го носи капитализмот, а тоа е комплетно оттуѓување на луѓето. Со интензивирање на социјалните мрежи,  мислам дека човечката релација се изгуби, луѓето се претвораат многу повеќе во машини. Тој природен допир се изгуби и мислам дека тоа на некој начин ние пробуваме да го пренесеме во претставата“ – Витошевиќ.

Режисерката ја конципира претставата како една ринг арена, во која што ликовите имаат конкретен противник, но многу често тие самите на себе си се противници. Во таа арена, освен со конкретниот партнер со кој се во спрега и во конфликт, тие преку внатрешни интроспекции, ги покажуваат нивните внатрешни конфликти, внатрешни борби и проблеми.

„Преку таа ринг арена на некој начин правиме огледало на капиталистичкото општество. Во таа ринг арена сите се како ѕверови, се јадат меѓу себе, само за да стигнат до некоја цел. Но, понатаму гледаме и дека не е толку важна целта, затоа што ги заборавиле поважните работи во нивните животи и останале сами на крајот на денот“, кажа таа.


Драган Спасов Дац


Режисер:

Nela Vitoshevikj

Сценограф:

Konstantin Trpenoski

Костимограф:

Roze Trajchevska-Ristoska

Музика:

Vitoshevikj

December 15, 2025

19:30

Билети од 500 MKD

Студенти: 250 MKD

Билетарница: +389 76 434 343

Роланд Шимелфенинг
100 минути
Драматична сатира
Роза Трајческа – Ристовска
Константин Трпеноски
Витошевиќ
20251015
Нела Витошевиќ
Ирена Ристиќ|Ивана Павлаковиќ|Сања Арсовска|Филип Трајковиќ|Игор Ангелов|Стефан Вујисиќ
2025-10-15 20:00:00
2025-10-22 20:00:00
2025-10-29 19:00:00
2025-11-05 18:00:00
mk_MKMacedonian

toto slot